Пресврт во Црна Гора, Ѓукановиќ сепак не изгуби?

442

Според првичните податоци од Центарот за мониторинг и истражување на Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, врз основа на 95 проценти од обработениот материјал, освоила 30 места, објавија медиумите.

На парламентарните избори што се одржаа вчера коалицијата „За иднината на Црна Гора“ има 27 мандати (32,6 проценти). ДПС освоиле 35 отсто од гласовите.

Според податоците на Државната изборна комисија, Демократската партија на социјалистите освои 35,2 отсто од гласовите, но сама, ниту со своите досегашни коалициски партнери, не може да формира парламентарно мнозинство.

Коалицијата предводена од Демократскиот фронт, заедно со уште два други опозициски блока, има тесно парламентарно мнозинство со 41 од 81 место во црногорскиот парламент.

Коалицијата „За иднина на Црна Гора“, предводена од Демократскиот фронт (ДФ), освоила 32,5 проценти од гласовите, алијансата „Мирот е наша нација“ добила 12,5 проценти од гласовите, додека граѓанското движење „Црно на бело“ е поддржано од 5, 57 проценти од гласачите.

Според досега објавените резултати, постоеше мртва трка помеѓу владејачката ДПС и главната опозициска коалиција, а во одредени моменти предноста ја имаше коалицијата „За иднината на Црна Гора“.