Пресметка на млади тенисерки, Кенин и Свјонтек во битка за трофејот на РГ

30

Приказната на Ига Својнтек ги освои срцата на неутралните фанови на тенисот, бидејќи 19 годишната тенисерка од Полска на импресивен начин се пласираше во првото Грен слем финале.

Патот на Свјонтек до финалето е неверојатен, бидејќи до сега на Ролан Гарос нема загубен сет, а ја елиминираше и втората светска тенисерка на ВТА листата Симона Халеп.

Сепак, ништо помалку импресивна не е ниту Софиа Кенин која е исто така многу млада и има само 21 година. Американката веќе освои една Грен слем титула во јануари, кога се радуваше на Австралија Опен, а денес има шанса да слави на уште еден. Најголем предизвик до финалето за Кенин беше Петра Квитова во полуфиналето, каде победи со 2-0.

Финалето на Ролан Гарос меѓу Свјонтен и Кенин ќе се одигра денес со почеток од 15:00 часот.