Престрелка на Бит Пазар, ранет еден чистач

7

Престрелка со повредени е случила пред десетина минути на Бит Пазар, дознава весникот Коха. Според очевидци, престрелката се случила на улицата која го одвојува пазарот, а куршуми летале на сите страни околу тезгите. Пукањето траело кратко, а набрзо дошле возила на Итната помош со која биле однесени во болница повредените.

Од извори на весникот „Коха“ се дознава дека тројца вооружени лица раниле еден чистач на просториите на Бит Пазар. Инцидентот се случил кога двајца работници за хигиена фатиле тројца крадци, кои пукале врз работниците.Од МВР засега нема информации за инцидентот. (koha.mk)