Претрес во скопско, пронајдени амфетамин и марихуана, приведен дилер

6

 

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ – Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, денеска го лишиле од слобода Л.М.(21) од населба Волково – Скопје.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и вага. Тој бил задржан во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.