Претседателот на иранскиот парламент Лариџани заразен со коронавирус

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани е заразен со коронавирус, објави иранската државна телевизија, наведувајќи дека биле заразени и над дваесет пратеници.

13

Лариџани бил тестирани откако добил симптоми. Тој во моментов е во карантин и е под третман, додаде телевизијата. Во Иран, 3.160 луѓе починаа од коронавирусот, вклучувајќи 12 поранешни и сегашни владини претставници.