Претседателот на Кривичен, Иван Џолев, доби втор мандат

14

 

Претседателот на Основен Кривичен суд Скопје, Иван Џолев, на денешната седница на Судскиот совет по изборот во 2017, беше одново избран за претседател. Тој беше и единствениот пријавен за оваа позиција.

По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али,за претседателка на Основниот суд во Ресен.

Освен во Скопје и Ресен, на денешната седница треба да се изберат претседатели на Основните судови во Тетово и Виница.

Судии на денешната седница треба да се бираат и за Апелациониот суд во Гостивар, како и Кривичните судови во Скопје и Штип.

Во моментов, седницата е прекината поради немање струја во просториите на Судскиот совет.