Претседателот на Фудбалската федерација на Франција поднесе оставка

6

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел Ле Грет, по 11 години на чело на францускиот фудбал, денеска поднесе оставка.

Ле Грет (81) одлучи да се повлече од должноста по неколку месечни турбуленции, обвинувања за сексуално и морално вознемирување, серија вербални лапсуси, како и негативна оценка за неговата работа содржана во ревизорскиот извештај на Генералниот инспекторат за образование, спорт и истражување (ИГЕСР).

Претходно овој месец ревизијата која ја нарача француското Министерство за спорт заклучи дека Ле Грет веќе го нема „потребниот легитимитет“ да го раководи и претставува спортот во Франција и го „нагласи непримерното однесување на господинот Ле Грет кон жените“.

Ле Грет ги негираше сите обвинувања на негова адреса.