Претседателот Пендаровски вели дека не се согласува со Џафери дека Собранието не може да се свика по распуштањето

5

Претседателот Стево Пендаровски не се согласува со вториот човек во државата Талат Џафери, дека Собранието не може да се свика по неговото рапсуштање.

„Не се согласувам со Талат Џафери. Директно не се согласувам. Собранието, вели нашиот устав е во постојано заседание. Постојано заседание. Не дај боже Војна, немаме Собрание? Патем кажано на Советот за безбедност според Устав, доаѓа и претседателот на Собранието и беше тука. Значи ако Собрание нема, како има претседател на Собрание. Јас тврдам дека тоа е возможно и политички и правно тоа е возможно, ако има недајбоже ситуација“, рече претседателот Стево Пендаровски.