Претседателот Пендаровски утре ќе го врачи мандатот за состав на Влада

43

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието.

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информирал претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.