Претставници на МААЕ задолжени за нуклеарен надзор наредните денови ќе го посетат Иран

5

Директорот на Агенцијата за атомска енергија на Иран, Мохамед Еслами соопшти денеска дека официјални претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) задолжени за нуклеарен надзор наредните денови ќе го посетат Иран, откако МААЕ минатиот месец соопшти дека Иран збогатува ураниум.

– Се надеваме дека посетата на официјални претставници на МААЕ во Техеран во наредните денови ќе помогне во решавање на проблемот, рече Еслами во интервју за Иранската телевизија.

Проблемот со збогатувањето ураниум претставува пречка за напредок во разговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, потпишан меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.