Приведен осомничен дилер на хероин во Скопје

6

 

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 21.20 часот го лишиле од слобода скопјанецот А.Н. (34).

Како што информира денеска МВР, при претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и вага.

А.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.