Приказната зад фустанот од отворачи на лименки на мис Тајланд

13

 

Тајланѓанката Ана Суангам-ијам ја освои наградата „Придонес во лидерство“ (Impact Wave Leadership Award) на овогодишниот натпревар „Мис универзум“, а потоа на својот Инстаграм-профил сподели како и зошто е создаден нејзиниот „рециклиран“ фустан.

Според Мис Тајланд, имено, фустанот е потсетник на нејзиното детство. Нејзините родители работеле како собирачи на ѓубре, па затоа одлучила да направи фустан од рециклиран материјал, т.е. од употребени отворачи на лименки.

„Овој фустан беше инспириран од познатото опкружување на моето детство. Растејќи со родители кои беа чистачи, мојот живот како дете беше опкружен со купишта отпат и средства за рециклирање. Овој уникатен фустан беше намерно направен од ѓубре и рециклирани материјали, особено ‘Мис универзум’ покажа дека она што многумина го сметаат за безвредно, всушност има своја вредност и убавина“, се вели во објавата на Инстаграм.

Блескавиот вечерен сребрен фустан на Ана Суангам-ијам е дизајниран од „Манират“. Направен е од отворачи и калај, а секое парче лименка има дијамант „Сваровски“.

Девојката носеше и блескави обетки со дијаманти, прстен и тенка нараквица. На нозете имаше и лакирани сандали со високи потпетици, што само ѝ додаде грациозност на убавицата.