Приказната продолжува: Пеп Гвардиола останува во Манчестер Сити

13

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола официјално останува на клупата на „Граѓаните“ и во следниот период.

Клубот од Манчестер го потврди продолжувањето на соработката со шпанскиот стручањк кој според новиот договор ќе остане на клупата на „Граѓаните“ до 2023 година.

Двете страни го истакнаа своето задоволство поради потписот, а Пеп истакна:

„Откако дојдов тука се чувствував добредојдено од сите. Достигнавме големи работи, освојувавме трофеи и победувавме и горд сум на тој успех. Таквата поддршка е нешто најдобро што еден менаџер може да има. Имам се што на еден менаџер му треба и благодарен сум им на луѓето од клубот што искажаа желба да бидам уште две години тука. Пред нас е предизвик уште повеќе да напредуваме и возбуден сум поради тоа“, изјави Пеп.

Предизвикот пред Пеп е Лигата на шампионите која силно ја посакуваат во овој клуб, а останува да видиме дали ќе ги донесе до трофејот во следниот период.