Принцот Вилијам прележал коронавирус

16

Принцот Вилијам прележал коронавирус, но досега не сакал да го објави тоа за да не ја вознемирува јавноста, пишуваат британските медиуми.

„Се случуваа многу важни работи и не сакав никој да се грижи“, рече војводата од Кембриџ (38).

Имено, тој тајно се борел со коронавирусот откако неговиот татко Чарлс се заразил .

Според британските медиуми, тој страдал од губење здив додека боледувал од Ковид-19.

Вилијам го лекувале дворските лекари, и тој бил ставен во карантин во семејната куќа „Анмер Хол“ во Норфолк.