Принцот Чарлс лани им платил 4,5 милиони фунти на Хари и Меган за да преживеат!

7

Во периодот од април до јуни, Чарлс тајно ѝ исплаќал пари на двојката, а за тоа се дознало кога биле објавени годишните трошоци на кралската фамилија. Според тие сметки, за Британија да има кралска фамилија и монархија, британските граѓани во 2020 година платиле неверојатни 87,5 милиони фунти!

Со 4,5 милиони фунти принцот Чарлс од Велс ги поддржувал финансиски својот син Хари и неговата сопруга Меган, минатата пролет, за да преживеат откако тие се откажаа од своите титули војвода и војвотка и се преселија во Америка. Веста ја потврдија официјални лица од Клиренс хаус, резиденцијата на принцот, пренесува БиБиСи.

Во периодот од април до јуни, Чарлс тајно ѝ исплаќал пари на двојката, а за тоа се дознало кога биле објавени годишните трошоци на кралската фамилија. За Британија да има кралска фамилија и монархија, британските граѓани во 2020 платиле неверојатни 87,5 милиони фунти, а тоа било за 18,1 милиони фунти поскапо од претходната 2019 година.

Во дел од тој вишок од 18,1 милиони биле и парите со кои Чарлс ги издржувал Хари и Меган. 4,5 милиони добиле Хари и Меган од Чарлс, и се воделе уште на платниот список на монархијата, иако тие се откажале од титулите уште во март.

– Велшкиот принц Чарлс оддели голема сума пари за да ги поддржи во нивната транзиција. Но, тоа заврши лани летото. Сега, двојката е финансиски независна – велат од резиденцијата Клиренс хаус.

Гостувајќи кај Опра Винфри, Хари, војводата од Сасекс, изјави дека неговата фамилија „финансиски го откачила“ во првата половина на 2020 година. Во дел од интервјуто настана забуна околу терминот „прва четвртина на 2020“, бидејќи од кралските сметки се видело дека Чарлс им плаќал на младенците само за периодот од април до јуни.

Но, Хари потоа објасни, а и од Клиренс Хаус потврдија дека тука се мисли на првата четвртина од периодот кога Британците го пријавуваат својот данок, а тој почнува од април. Тоа значи дека приказните на Хари и Чарлс се совпаѓаат.

Инаку, 7 милиони долари на Хари веќе му оставила неговата мајка, принцезата Дијана, и „без нив немаше да можеме да го направиме ова“, објаснил тој во интервјуто. По доаѓањето во Америка Хари и Меган веднаш потпишаа мултимилионски договори со Нетфликс и со Спотифај, пари со кои Хари „се осигурал“.

Кралските „сметки“ открија и нешто друго битно за монархијата. Според нив, само 8,5 отсто од вработените во Бакингемската палата се луѓе од етнички малцинства. Кралицата Елизабета си поставила за своја мисија таа бројка да дојде до 10 отсто во идната година и со тоа да се спореди со реалната бројка на малцинства во Велика Британија која е околу 13 отсто.

„Мора да направиме повеќе“ и „не сме таму кадешто би сакале да бидеме во врска со тоа“ беа дел од пораките кои ги упатија од Палатата по објавувањето на сметките. За дел од ситуацијата виновна е и корона кризата.

Но, сето ова ќе оди тешко. Иако многу јавни фондации даваат пари за малцинските вработувања, останатите трошоци на кралицата се преполовиле. Конкретно, тоа се парите кои луѓето ги плаќаат да ја посетат кралицата. Оваа година од тие пари имало 10 милиони фунти помалку, па кралицата морала да скрати на други задоволства – да ги откаже своите дворски забави, но и да престане да вработува луѓе.