Пристигнаа резултатите, повредата на Ѓоковиќ е посериозна отколку што се мислеше

14

Новак Ѓоковиќ успеа по деветти пат да триумфира на Австралија Опен иако во првата недела изгледаше дека е многу блиску до одлуката да се повлече од турнирот.

На дуелот од третото коло против Тејлор Фриц, Ѓоковиќ во еден момент се лизна и веднаш се фати за стомачните мускули, изгледаше дека трпи големи болки, а по интервенцијата на лекарите и таблетите против болки, успеа да го совлада Американецот во пет сета и да го продолжи патот кон титулата.

До крајот на турнирот, Ѓоковиќ постојано носеше медицински фластери, не тренираше и секој слободен момент го користеше за рехабилитација иако за тоа време беше цел на критики од медиумите дека ја лажира повредата.
Но, само еден ден по историскиот деветти триумф во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ им откри на медиумите дека повредата е посериозна отколку што се претпоставуваше.

– Дојдов тука директно од снимање со магнетна резонанца и резултатите покажаа дека штетата е поголема. Напукнувањето на мускулот е поголемо, при првото снимање веднаш по дуелот со Фриц, тоа беше 1.7 милиметри, а сега изнесува 25 милиметри. Според зборовите на лекарите, не е ништо сериозно, но не очекува одмор се додека не се залечи повредата на мускулот – изјави Ѓоковиќ.