ПРИСТИГНА НАЈДЛАБОКАТА СНИМКА ОД ВСЕЛЕНАТА Џејмс Веб телескопот направи одлична работа (ФОТО)

1

Фотка која го прикажува универзумот каков што бил пред 4,6 милијарди години беше претставена вчера во Белата куќа во САД. Тоа е долгоочекуваната најдлабока снимка од вселената во боја некогаш направена во историјата. Ја фотна телескопот Џејмс Веб кој 14 години научниците внимателно го составуваа. Што сними Џејмс Веб? Грозд од древни галаксии под името СМАКС 0723 кои научнците допрва ќе ги разгледуваат.

Ова е само почеток на работата на Џејмс Веб и неговите златни огледала. Ако земеме предвид дека универзумот е стар 13,7 милијарди години, тогаш овие галаксии стари 4,6 милијарди ни се чинат сепак млади. Но, тие се поблиску од големиот Биг Бенг од што било разгледувано претходно. После сѐ, светлинта од оваа галаксија патувала до нас толку многу време…

Следно, научниците ќе можат да направат спектроскопска анализа на фотката за да откријат какви хемиски елементи преовладувале во оваа стара галаксија. Една од најголемите мистерии е дали тогаш веќе постоела водата, како што предлагаат новите теории.

Сликата е снимена со инфрацрвената камера на „Веб“ и составена од повеќе снимки со различни бранови должини на светлината направени во текот на 12.5 часа. На вселенскиот телескоп „Хабл“ му требаа недели да ги направи своите слики со најдлабоки полиња од вселената.

Џејмс Веб е многу подобар телескоп од неговиот претходник Хабл поради појакиот спектар на инфрацрвени зраци и е 100 пати посензитивен.