Присуството на антитела по прележувањето Ковид-19 паѓа по три месеци

102

Нивото на значајни антитела кои ги има во крвта по опоравувањето од Ковид-19 забрзано опаѓа по два до три месеци, покажуваат резултатите од новото изтражување спроведено во Кина.

Како што тврдат иистражувачите од медицинскиот универзитет во Чункинг, тоа покажува дека воведувањето на таканаречените имунитетски пасоши, со кои би се олеснило движењето може да биде ризично, и исто така оди во прилоф на долготрајна примена на превентивните здравствени мерки како физичка дистанца и изолација на високоризичните групи, наведува Ројтерс.

Во текот на истражувањето, со кое се опфатени 37 пациенти со симптоми на Ковид-19, како и исто толку асимптоматски пациенти, покажува дека кај повеќе од 90 отсто од оние во чија крв по оздравувањето се порнајдени IgG антитела, нивното присуство значително опаднало по два до три месеци.

И кај асимптоматските и кај оние со симптими, присуството на тие антитела во просек за тој временски период опаднало за 70 отсто.

Но, еден кинески виролог кој не бил член на истражувачкиот тим тврди дека овие резултати не ја оспоруваат можноста други делови од имуниот систем да можат да пружат заштита од корона вирусот.

„Резултатите од оваа студија не значат дека срветот ќе се распадне“, вели овој научник, кој истакнува дека и бројот на пациенти кои биле опфатени со студијата е мал.