Приштина: Ако Србија не го признае Косово, ќе имаме војна

38

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград Едита Тахири изјави дека ќе има војна доколку Србија не ја признае независноста на Косово.

Таа тоа го изјави на конференцијата „Патот кон конечен договор на Косово и Србија“ во Приштина, и додаде дека „Косово и Србија не се двете Германии“, пренесуваат приштинските медиуми.

Според неа, дијалогот на Белград и Приштина не бил прекинат поради воведувањето на царините на стоката од Србија, туку затоа што „Косово било во опасност“.