При крај на февруари започнува сезоната на културни настани во Кичево

25

Проблемот кој со години е присутен во внатрешноста, а поврзан со домовите на култура, присутен е и оваа зима, бидејќи објектите не можат да се загреваат целосно, што ќе чини многу средства и затоа културните случувања се поместуваат за периодот кога надворешните температури се повисоки и со малку затоплување ќе се обезбеди пријатен амбиент за одржување на некој културен настан.

Така и Центарот за култура во Кичево своите активности ќе ги започне кон крајот на месец февруари, потврди директорот Мазлам Османи.

-За да можеме да ги планираме годишните културни активности , се уште чекаме да излезат резултататите од годишната програма и затоа немаме конкретен план.Сепак кон крајот на месецов планираме промоција на книга, но засега немам конкретен датум кога ќе се случи овој настан, истакна Османи.

-Поради короната и ланската сезона дел од настаните не се одржаа и затоа и за годинава не можеме однапред да ги предвидиме сите сценарија кои можат да се случат, додава директорот на Центарот за култура.

Кичево како Град на културата ланската година не одржа ниту еден од планираните 50 настани, поради короната.