Проблемите со Фејсбук на нашите аџамии!

7

Емин АЗЕМИ

Една непотребна остра вербална реторика се користи од одредени експоненти на албанските политички субјекти. Ова уште еднаш покажува дека се на погрешен колосек на јавниот дискурс на албанската политика во Македонија, која наместо да се занимава со по суштински прашања што влијаат на стандардите и образованието на луѓето, економијата и сиромаштијата, перспективата и иселувањето, таа се занимава со коскени зборови што ти го пробушат мозокот.

Несериозноста да се занимава со себеси, односно со залудни муабети што не создаваат никаква дебата, туку само непријателство, е уште еден реален показател дека голем број албански политички претставници, по суштински го сметаат взаемната кавгата од отколку да се занимаваат со сериозни работи. Всушност, тие покажуваат колку се несериозни, но тоа е најмало зло. Најголемо зло е што некој се уште продолжува да ги гласа тие и тоа потоа се претворува во колективна одговорност. Значи, не се виновни само политичарите за нивното  ниско однесување, што ќе им завидат и пијаните арабаџии, но и сите тие што гласаат.

Во јавната душевност на албанските претставници на власта, сега веќе е врежено убедувањето дека освен тие нема кој друг да се справи со големите работи на нацијата. Тие го проектираат нивната Шекспирова фантазија на  4Г (G) димензија, на тоа што треба да се случува, иако тие претпочитуваат да даваат отчет за незавршените во текот на мандатите на владеењето. Тие, на пример, се уште не ни покажаа како е можно да се случуваат сите овие неправди кон Албанците, како последица на скандалозен систем на правда, но, како резултат на тоа никој од одговорните луѓе на власта од редовите на Албанците да не поднесува оставка, или најмалку јавно да се дистанцира (тогаш кога се случија, сега е доцна) од таквите неуставни методи, каде во повеќето од случаите резултира во дека Албанците неправедно издржуваат со стотици години затвор како последица на монтирани процеси. Еден Албанец од Опаје, еден друг од Џепчиште, неколку момчиња од Скопје итн., се држат залудно со доживотен затвор, затоа што едностраните судови ги обвинуваат дека се одговорни за разни монтирани случаи.

Како има можност да  сите овие случаи да поминат тивко, без да се забележат и без да се разгледуваат од албанските претставници на власта? Зошто тие повремено, на нивните јавни настапи, со поплаките што ги прават, те потсетуваат на опозиционер кој нема ништо во раце, отколку на владин претставник, кој има мандат да не седи со скрстени раце.

Од друга страна, одредени претставници на опозицијата, нивната јавна фрустрација за останување долго време на опозиција, не знаата да го артикулираат праведно. Тие, кавгата во Фејсбук, веќе го претворија во професионални проблеми. На крајот на краиштата, мисијата на опозицијата не е да извршува работи што се задачи на власта, но на опозицијата никој не му забранил да предлага подобри и поефикасни проекти, да нуди алтернативни идеи за одредени политики од областа на економијата, образованието, развојот, аграрна област итн. Ако опозицијата мисли дека нејзината платформа е само критика кон власта, но без да понуди конкретни алтернативни идеи, тогаш таа го гарантирала статусот да биде опозиција уште неколку години. Тука не страда само опозициското членство, туку целосно маса на несреќни луѓе, кои бараат алтернативни начини за да се излезе од состојбата во која се наоѓаат пензионерите, земјоделците, наставниците, невработените, младите кои дипломираат и што размислуваат да бегаат во странство итн.

Едно општество што ги има сите овие проблеми и има политичари кои избегнуваат да ги решаваат, туку избираат  јавно взаемно линчување е неуспешно општество. (koha.mk)