Прогласена тридневна жалост на целата територија на Македонија

16

Завршена е вонредната владина седница, а на неа било прогласена тридневна жалост на целата територија на Македонија. Во моментот пред Владата знамињата се спуштени на половина копје. Деталите се очекува да бидат соопштени од прес-службата на Владата.

Претходно, и Тетово на ниво на општина прогласи тридневна жалост поради пожарот во модуларната болница каде според официјалните информации, животот го загубија 14 луѓе.