Продолжи судењето на екс-претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски

11

Судењето против екс-претседателот на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски продолжува денеска во Велешкиот суд.

Тој е обвинет за злоупотреби на АКМИС-системот. На минатото рочиште во петокот тој рече дека не го разбира обвинението и побара увид во доказите.

Неговиот адвокат по рочиштето изјави дека бараат да му биде укинат притворот на Панчевски, бидејќи во предметот не постои материјален доказ, односно правосилна судска одлука на Врховен суд, Панчевски да биде разрешен од функцијата. Адвокатот вели дека Панчевски има имунитет и не може да биде во притвор и да не се брани од слобода.

На рочиштето на 10. јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15. јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.