Променета одлуката: Нема влез во Србија, Црна Гора и БиХ без ПЦР тест – без тест само во Косово

37

На еден час пред да стапи на сила одлуката дека не е потребен негативен ПЦР тест за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, владата соопшти дека, сепак, оваа одлука нема да важи.

Причината е влошувањето на состојбата со ковид-19 во регионот и големиот број на позитивни случаи.

„Влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји“,

соопштија доцна вечерва од Владата.
За патување во Косово, пак, останува да важи одлуката дека не е потребен ПЦР тест и таа стапува на сила на полноќ.

Претходната одлука, што сега е поништена, со која властите во земјите од регионот решија дека нема да бараат негативен тест, беше донесена на 6 октомври.

Од Владата велат дека во зависност од тоа како се развива епидемиолошката состојба во регионот, во деновите кои следат има можност да ја ревидираат одлуката за влез на државјани на овие земји во Северна Македонија без ПЦР тест.