Пронајдени двете црни кутии на индонезискиот авион што се урна кратко по полетувањето

22

Двете црни кутии на Бионгот на индонезиската авиокомпанија, што се сруши во морето во близина на главниот град Џакарта, се локализирани и сега трае процедурата на нивно извлекување, објавија од Министерството за транспорт на Индонезија.

„Се надеваме дека извлекувањето нема да одземе многу време“,

рече Серџанто Џахџанто, дел од безбедносниот одбор на Министерството за транспорт.
Боингот 737 500 на индонезиската компанија „Сривиџаја Ер“ завчера исчезна на само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта, а крајна дестинација му бил Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан

Станува збор за „Боинг 737-500“, стар 27 години, кој изгубил контрола само една минута откако полетал. Според веб-страницата за следење на летови „Флајтрадар“, авионот исчезнал откако се издигнал на надморска височина од околу 3 километри.

Авионот во кој имало околу 60 патници се урнал во морето, а засега не се знаат причините за несреќата. Пронаоѓањето на црните кутии ќе ја олесни истрагата и може да дадат одговир на клучните прашања околу оваа несреќа.