Пронајден мртов жител на Петровец по кој се трагало од 2. јуни

35

Во атарот на велешкото село Ветерско, покрај стариот пат Велес-Скопје, на 6 септември бил пронајден починат 65-годишникот М.Г. од село Ржаничино – Петровец.

За него имало пријава дека се оддалечил од домот на втори јуни годинава.

На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.