Протерани петмина хрватски дипломати од Русија

10

Петмина дипломати од хрватската Амбасада во Москва ќе бидат протерани од Русија како реципрочен одговор на протерувањето на 24 руски дипломати од Загреб, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Претходно Хрватска информираше за протерани 18 руски дипломати и шест члена0 на административно-техничкиот персонал од руската амбасада во Загреб.

Ден подоцна Руската Федерација упати силен протест до хрватските власти и се закани со соодветен одговор.