Протест во Тирана: Вучиќ не е добредојден (ФОТО)

5

Во главниот град на Албанија во тек се протести поради доаѓањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ, јави Б92.

Претседателот на Србија во петок и сабота ќе престојува во Тирана, каде ќе учествува на самитот за „мини Шенген“.

Пред хотелот каде што треба да престојува претседателот на Србија, поставен е транспарент со натпис „Тука доаѓа воен злосторник, да позира како добротвор“.

Според најавата на албанскиот премиер Еди Рама на состанокот би требало да присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел.

Домаќинот на новата средба, албанскиот премиер претходно објави дека третиот самит на лидерите во регионот ќе биде одржан во Драч, но заради земјотресот што неодамна ја погоди Албанија, а особено Драч, средбата сепак ќе се одржи во Тирана.

Иницијативата за отстранување на пречките за проток на производи, услуги, луѓе и капитал ја покрена претседателот Вучиќ, кој пред два месеци во Нови Сад на таа иницијатива ги собра премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.

На претходната средба, одржана пред еден месец во Охрид, е постигнат договор се кој се започнува реализацијата на иницијативата, со цел да се унапреди инвестициското опкружување во земјите вклучени во иницијативата.