ПСЖ го доведе првото засилување од 40 милиони евра

0

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос го доведе првото засилување.

После откупот на Тијаго Мендеш од Спортинг, пристигна Витиња од Порто. Играчот за врска потпиша договор на пет години со парижаните кои за него издвбоија 41.5 милиони евра.

Витиња се очекува да биде освежување во средниот ред од каде што ќе си заминат неколку фудбалери како Херера, Паредес, Идриза Гана Геј и Дракслер. Сите имаат тековни договори, меѓутоа некои сигурно ќе си заминат до крајот на овој преоден рок.

Од ПСЖ по истекот на договорот си замина Анхел Ди Марија, а не е сигурна ниту иднината на Икарди, Курзава и Нејмар.