ПСЖ на Нејмар му дава повеќе од шест милиони евра годишно за да биде нормален!

3

Весникот „Ел Мундо“ открива дека во договорот на Нејмар со ПСЖ има клаузула со која добива огромен бонус за да биде културен, точен, пријателски расположив и да биде достапен за навивачите.

На огромната плата која ионака ја добива, Нејмар се изборил за огромен бонус за добро однесување.

Иако на тие примања природно е добро да се однесува, тој наплаќа огромна сума за тоа.

„Ел Мундо“ открива дека според договорот со ПСЖ, Нејмар месечно добива 541.680 евра за да биде точен, учтив, да се однесува пријателски кон навивачите и да биде достапен за нив. Нејмар треба да ги поздравува навивачите пред и по натпреварите, во јавноста да не дава негативен коментар за тактичките опции во тимот и да се воздржи од негативни коментари за клубот, за оние кои работат таму и за оние кои го поддржуваат.

Таа клаузула во договорот стои под ставка „етички бонус“ и изнесува 6,5 милиони евра по сезона.