ПСЖ прв полуфиналист во Лигата на шампионите, трагична вечер за Аталанта

22

Неверојатен финиш на францускиот првак Пари Сен Жермен во првото четвртфинале во Лисабон од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Аталанта доживеаја вистинска трагедија на дуелот во Лисабон, до 90 минута водеа со 1-0, за во последните секунди од мечот да го загубат местото во елитното полуфинале.

Фудбалерите на ПСЖ се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите и тоа по незапаметена драма и резултатски пресврт во финишот на дуелот во Лисабон.

На стартот на завршниот турнир во Португалија од шампионската лига ПСЖ ја победи Аталанта со 2-1 иако до 90 минута губеше со 1-0.

Херои на триумфот на богатиот француски првак се Маркињос и Чупо Мотинг стрелците на головите во судиското надополнување.

Голот за Аталанта за водство од 1-0 го постигна Марио Пашалиќ во 27 минута.

Инаку се до 90 минута делуваше како фудбалерите на Аталанта кои одиграа две различни полувремиња, првото ултра офанзивно, а второто многу дефанзивно, дека ги имаат сите конци во своите нозе.

Но фудбалерите на ПСЖ не мислеа така и во судиското надополнување успеаја да стигнат до резулатски пресврт вреден пласман меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.