Пукањето во “Александар Палас”: Фантомките на слобода, жртвите уапсени!

65

Вооружената престрелка што се случи саботата на полноќ во ресторанот во хотелот “Александар Палас”, според последните информации завзема интересен замав. По наредба на Скопското Обвинителство, вчера на разговор беа повикани лицата во кои се пукаше со калашников, додека пак они со фантомки и кои го предизвикаа инцидентот се на слобода.

Е.И (21), Е.И. (25), О.Б (35), К.И (41), Л.Ќ (25), вчера беа повикани на информативен разговор, додека пак тројца од гореспоменатите, кои во Хотелот биле гости се уапсени.

Весникот КОХА дознава дека причина за апсењето на лицата кон кои се пукаше, наводно била “заканата на ова група врз полицијата” . Сомнежите на нападнатите лица кои гостувале во ресторанот на хотелот се дека пред тие да бидат мета на напад, биле легитимирани од Специјалната полициска единица “Алфи” кои пак вршеле контрала на пет лица со албанско етничко потекло, а кои престојувале во ресторанот на хотелот “Александар Палас”. Неколку часа подоцна, во ресторанот влегува и вооружената група со фантомки на главите и со калашников испукале четири куршуми.

За време на нападот, со групата гости било и полициски службеник кој не бил на работна задача и кој на нападот возврартил со куршум испукан од својот пиштол. Нападнатите лица исто така изразија сомнеж и за вмешаност на припадници на специјалната единица Алфи во инцидентот. Исто така, од Обвинителството велат дека закани од групата немало кон ниту еден полициски службеник

Во меѓувреме, весникот КОХА пишува дека конкретен одговор нема ни за патничкото моторно возило “Опел Туарег”, со која маскираната група се оддалечила од местото на настанот. Впрочем, возилото беше најдено изгорено во атарот на село Арачиново. “Опел Туарег”-от кој во месeц март бил украден во Скопје имало и лажни регистарски таблици кои пак биле украдени од друго возило. Од полицијата велата дека истрагата за случајот продолжува.