Пукање во Белград, двајца ранети

1

Повторно пукање во белградската населба Врачар. Првичните информации говорат дека две лица на возраст од околу 20 и 30 години се ранети пред ресторан за брза храна, пренесуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил околу 19 часот и 40 минути на улицата Максим Горки кога бил застрелан дваесет и шестгодишен маж, а на улицата Новопазарска во истата населба е пронајден маж со прострелни рани, кон кого било пукано исто на улицата Максим Горки. Полицијата интензивно трага по сторителот, а во сила е антимафијашката акција „Вихор“.