Пукање на роденденска забава во Колорадо, седум мртви (ВИДЕО)

6

Вооружен маж упаднал на роденденска забава во Колорадо Спрингс, САД, и почнал да пука, убивајќи шест лица, вклучувајќи ја и неговата девојка, пред да изврши самоубиство, објави полицијата во неделата.

Властите изјавија дека убиецот ги поштедил децата, кои биле во една камп-куќичка. Засега не е познат мотивот на напаѓачот.

„Како шеф на полицијата, како сопруг, како татко, како дедо, како член на оваа заедница, срцето ми се кине поради овие семејства што ги изгубија оние што ги сакаат и поради децата што ги загубија своите родители“, рече шефот на локалната полиција Винс Ниски.

Полицијата на неколку часа го одложи објавувањето на деталите за нападот и за жртвите за соодветно да ги информира членовите на семејствата на убиените и да им пружи психолошка помош, се вели во полициското соопштение.