Пукање на Универзитет во Русија, најмалку тројца загинати, луѓето скокаат од прозори да се спасат (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

50

Во пукање на Универзитет во рускиот град Перм, загинаа најмалку три лица, а четири се ранети.

Универзитетските социјални мрежи апелираа до оние кои во моментов се на Универзитетот, да го напуштат ако е можно, или да се затворат во собите.

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат од прозори од двокатна зграда.

Видеото погледнете го тука.

Уште една снимка покажува вооружен човек во црно како полека оди низ Универзитетот, а луѓето панично бегаат.