Путин го слави својот 68. роденден: Верувам во можностa да ја променам судбината

15

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека верува во судбина, но и дека е убеден дека секоја личност има моќ да ја промени својата судбина.

„Верувам во судбина, но верувам и дека можеме да влијаеме на неа“, рече тој во интервју за ТАСС, додавајќи дека неговото мислење за тоа прашање е покомплексно од врежаното мислење дека ако е нешто судено, тогаш ќе биде така.

Според Путин, тоа не е толку едноставно.

„Постојат многу теории. Многу помага ако имате самодоверба, ако верувате во своите способности и, што е најважно, ако ја правите вистинската работа. Тоа може да ја промени вашата судбина”, рече Путин во интервјуто насловено како „20 прашања за Владимир Путин”, последно во серијата прашања по повод две децении на чело на Русија.

Путин денеска полни 68 години.