Путин и Си Џинпинг утре ќе разговараат преку видео врска

3

 

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг утре преку видео врска ќе разговараат за бројни билатерални и регионални прашања, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Во тек се подготовките за видео разговорот меѓу претседателот Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој ќе се одржи утре наутро. Воведните забелешки и првите размени ќе бидат јавни и достапни за следење, а потоа разговорот ќе продолжи во четири очи, бидејќи опремата и специјалната линија за комуникација го овозможуваат тоа, рече Песков.

Тој истакна дека двајцата претседатели ќе разговараат за „акутните регионални проблеми“.

– Најпрво ќе разговараат за руско-кинеските билатерални односи и проблеми во регионите кои се блиску до Русија, како и тие кои се поблиску до Кина, рече Песков.

Двете земји потпишаа „неограничено“ стратешко партнерство неколку дена пред почетокот на конфликтот во Украина.