Путин: Можеби уште некои земји размислуваат за напуштање на ЕУ

16

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека не е исклучено дека и некои источноевропски земји може размислуваат за излез од Европската Унија во наредните неколку години.

Путин тоа го рекол на учесниците на инвестицискиот форум „Русија повикува“ и потсетил дека несогласувањата во ЕУ започнале заради системот на распределба на фондовите, кои предвидуваат значителна поддршка во износ од неколку десетици милијарди евра за „земји кои сеуште не достигнале одредено ниво на економски развој“, пренесува ТАСС.

„Некаде околу 2028 година поединечни источноевропски земји ќе достигнат такво ниво на економски развој, заради што нема да мораат да плаќаат. Не сум сигурен дека тогаш не би го повториле размислувањето на Велика Британија (за напуштање на ЕУ) – рекол Путин.

Путин исто така изјавил дека „Русија е спремна за соработка со САД во иста мера како и Вашингтон“.

„Имаме повеќе платформи за соработка. Спремни сме за нив во иста мера како и нашите американски партнери“, истакнал Путин, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател се надева дека домашните политички фактори во САД на крајот ќе престанат да влијаат на односите со Русија.

„Овој фактор на домашна политичка борба до сега имаше негативно влијание на руско-американските односи. Се надевам дека тоа ќе престане еден ден“, рекол Путин.