Путин му ја честиташе победата на Бајден на претседателските избори

15

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати честитки на Џозеф Бајден по повод победата на претседателските избори во САД, објави Кремљ.

Шефот на руската држава му посака успех на Бајден како претседател на Соединетите држави и изрази уверување дека Русија и САД, без оглед на несогласувањата, можат да помогнат во решавање на многу проблеми.

Честитката од Путин следува откако синоќа Електорскиот колеџ ја потврди победата на Џо Бајден.