Путин најави дека може да бара нов мандат

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека размислува повторно да се кандидира за претседател доколку руските гласачи го одобрат контроверзниот уставен амандман на гласањето закажано за и јули.

22

Ова Путин го изјави за државната телевизија на 21 јуни и претставува една од најсилните индикации за неговите намери „Сè уште не донесов никаква одлука. Но, не ја исклучувам можноста да се кандидирам за оваа функција ако се појави таквата опција во Уставот. Ќе видиме.”

Во Кремљ и резиденцијата на Путин поставени тунели за дезинфекција

Путин, исто така, одговори на прашањето во врска со именување негов наследник. „Тогаш за околу две години – и ова го знам од лично искуство – нормалниот ритам на работа на многу делови на владата ќе биде заменет со потрага по можни наследници“. Ова, според посматрачите, е навестување дека Кремљ или се плаши од борба меѓу ривалските фракции или дека нема политичка фигура способна да ја консолидира власта.