Путин нема воено да интервенира во Белорусија?

18

Москва во голема мера молчи за протестите во Белорусија. Иако Лукашенко побара од Путин помош, аналитичарите велат дека Русија нема добри опции за исполнување на ова барање. Малкумина од нив очекуваат Кремљ да спроведе воена интервенција слична како во Украина во 2014 година.

Вечерта на 16 август, додека стотици илјади луѓе се собраа низ Белорусија, барајќи соборување на нејзиниот авторитарен лидер Александар Лукашенко, Тимот за конфликтно разузнавање, руска истражна мрежа, објави алармантен извештај. „Не се премногу (засега)“, напиша групата на Твитер, наведувајќи:

„Но, два конвоја со необележани камиони, идентични на руските полициски вооружени сили и возилата на Националната гарда, беа забележани на 400 километри од белоруската граница, возејќи јужно од Санкт Петербург“.

Истражната група цитираше очевидци, но не даде докази за движења на војската или појаснувања дали некој конвој ја преминал границата.

Како и да е, реакциите на интернет на тврдењата за можна руска воена интервенција кај западниот сосед се чини дека го зајакна широко распространетиот страв поттикнат од сеќавањата на претходните регионални кризи: дека Москва е подготвена да употреби сила за да му даде поддршка на прорускиот лидер.

И покрај шпекулациите, многумина повлекоа паралела со интервенцијата на Русија во Украина во 2014 година, каде што спорниот референдум поддржан од Москва го отвори патот за анектирање на полуостровот Крим и за воена поддршка за тековниот проруски бунт во делови од источниот дел на Украина.

Сега, сликите на наводните конвои на руската армија низ источната граница на Белорусија предизвикаа сеќавања на слични сцени во Украина.

Но, и покрај важноста на Русија како традиционален сојузник на Белорусија малку аналитичари очекуваат Кремљ да го повтори сценариото како во Украина.

Со десетици илјадници на мирните протести низ Белорусија и со опадната поддршка на Лукашенко, Русија нема многу да добие со помагање во задушувањето на протестите.