Путин објаснува зошто сè уште не му честитал на Бајден за победата: Не е дека не ми се допаѓа Џо!

25

Русија го чека крајот на внатрешната политичка конфронтација во САД и нема никаква позадина во честитањето на победникот на претседателските избори во САД, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.

– Ве убедувам дека не постои никаква позадина, нема врска со тоа дали некој ми се допаѓа или не. Ние само го чекаме крајот на внатрешната политичка конфронтација – изјавил Путин, зборувајќи за честитките на победникот на американските претседателски избори.

Рускиот претседател додал дека ова нема никаква врска во смисла проблеми со Русија, и дека тоа се чисто формални работи коишто треба да се извршат во состав со востановената пракса и правните работи.

– Не постои скриен мотив и ништо што би било необично или би можело да влијае во нарушувањето на нашите односи. Тоа често е формална страна на работите – објаснил рускиот лидер.