Путин прв се возеше со воз преку мостот на Крим (ВИДЕО)

5

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го промовираше железничкиот дел од мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим.

Русија го анектира Крим пред пет години, како одговор на соборувањето на прорускиот претседател во Украина. Оваа стратешки важна област во Црното Море е географски поврзана со украинското копно.

Путин рече дека отворањето на железничката линија на двојниот мост е „многу важен настан“ што ќе влијае на целата домашна економија.

„Ова е важен настан за Крим, за југот на Русија и за целата наша земја“, рече Путин, кој се возеше преку мостот над преминот Керч во кабината на локомотивата.

Возовите што отсега ќе ги поврзат Москва и Санкт Петербург со Симферопол, главниот град на Крим, ќе можат да пренесат 14 милиони.

Првиот тргнс вчера од Санкт Петербург, а возењето треба да трае 43,5 часа.Путин минатата година отвори патна делница на Кримскиот мост со четири ленти.
Изградбата на мостот започна во февруари 2016 година и му беше доверена на милијардерот Аркадиј Ротенберг, џудо партнерот на Путин.