Путин со провокација кон Западот: Се уште ништо сериозно не сме почнале во Украина

2

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија штотуку започнала во Украина и дека Западот, доколку сака, може да се обиде да ја победи на бојното поле.

Добивај вести на вибер
„ Денеска слушаме дека сакаат да не победат на бојното поле. Што да им кажеме на тоа, нека се обидат“ – рече Путин во говорот на средбата со лидерите на партиските групи во Државната дума.

Путин истакна дека руската страна многупати слушнала дека Западот сака да се бори до последниот Украинец против Русија.

„ Ова е трагедија за украинскиот народ, но се чини дека се оди во таа насока. Сите треба да знаат дека во најголем дел се уште не сме почнале ништо сериозно“ рече Путин.

Тој истакна дека Русија не ги отфрла мировните преговори, но дека оние кои ги отфрлаат треба да знаат дека ќе им биде се потешко да преговараат со Русија колку подолго трае конфликтот.