Путин ја крие љубовницата Алина и четирите деца во куќа во Швајцарија?!

1

Во екот на руската инвазија на Украина, британските медиуми пишуваат и за приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин.

Медиумите од Велика Британија тврдат дека Путин ја крие својата љубовница екс гимнатичарката Алина Кабаева и нивните четири деца на тајна локација во Швајцарија.

Со поранешната руска олимпијка Владимир Путин наводно има четири деца,два сина и близнаци.

Медиумите пренесуваат дека рускиот претседател Путин наводно ги криел Алина Кабаева (38) и нејзините деца во куќа на тајна локација некаде во Швајцарија, среде војната во Украина, тврдат изворите на британскиот таблоид Мирор, кој ги потсетува своите читатели дека таа е „ љубовница на рускиот претседател“.

– Додека Путин ја напаѓа Украина, напаѓа невини граѓани и предизвикува бегалска криза, неговото семејство е скриено во многу приватна и многу безбедна куќа некаде во Швајцарија – барем засега. Алина и Путин наводно имаат две момчиња и близнаци родени во Швајцарија. Сите деца имаат швајцарски пасош, а претпоставувам дека има и таа – вели извор на британски Мирор.

Алина Кабаева е една од руските гимнастичари со најмногу медали во историјата.Во текот на кариерата во ритмичка гимнастика, Кабаева освои два олимписки медали, во Сиднеј и Атина, 14 медали на Светските првенства и 21 медал на Европското првенство.

За неа со години се зборува дека му родила деца на Путин, и покрај тоа што рускиот претседател со децении беше законски во брак со својата сопруга Људмила, со која има две возрасни ќерки.

Едната од нив се занимава со спорт и танц, а другата со бизнис и не се занимаваат со политика и живеат далеку од очите на јавноста и медиумите.