Пушев додека пиев, а пиев секој ден

52

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Сисињо, вели дека неспортскиот живот е главна причина што не оствари позабележителна кариера.

Поранешниот бразилски репрезентативец, Сисињо, во јануари 2006 година пристигна во Реал Мадрид како големо засилување и му се предвидуваше голема кариера. Но, Сисињо, не ги оправда очекувањата и по само една ипол година си замина од „Сантијаго Бернабеу“. Тој признава дека е самиот виновен зашто не оствари далеку поголема кариера, неговиот неспортски живот.

– Почнав да пијам кога имав 13 или 14 години, додека бев во Ботафого. Ми рекоа дека пивото е добро и почнав да го пијам. Како почнав да пијам така не престанав се до 30-тите години. Скоро 20 години пиев алкохол, а пиев по околу 10 шишиња пиво секој ден. На почетокот пиев само пиво бидејќи немав пари за нешто друго, но кога потпишав за Атлетико Минеиро, почнав да пијам сè, но и да пушам. Пушев од 1999 до 2010 година. Пушев само кога пиев, но проблемот беше што пиев секој ден – вели Сисињо.

Прочитајте и… Прекинати сите спортски активности во Италија!
По авантурата во Реал Мадрид, Сисињо премина во Рома, но и таму не успеа да ја „оживее“ кариерата.

– Отсекогаш сум го сакал фудбалот, но во еден момент таа љубов се загуби, едноставно не чувствував задоволство кога ќе излезев на теренот. Бог ми даде талент, но не знаев да го искористам на вистински начин.