Пјастри доби дозвола за настап во Ф1

6

Австралискиот возач Оскар Пјастри официјално доби суперлиценца за настап во шампионатот на Формула 1 за следната година, соопшти денеска Мекларен.

Пјастри (21) следната сезона во екипата на Мекларен ќе го замени сонародникот Даниел Рикардо, кој во 2023 година ќе биде трет возач во Ред Бул.

Прв возач на Мекларен во следната сезона ќе биде Британецот Ландо Норис, кој сезонава заврши седмопласиран во генералниот пласман со 122 бодови.

Новата сезона во Ф1 ќе стартува на 5. Март 2023 со трката за Големата награда на Бахреин. Следната сезона ќе има 23 трки, една помалку од планираните поради откажувањето на ГН на Кина.