РАДЕВ БАРА ПРАВДА ЗА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој го напаѓа бугарското малцинство во Македонија

18

„Софија загрижена поради честите напади на Бугарите во С.Македонија“, „Нов удар на Бугарите кон Македонија“, „Радев бара правда за Бугарите“, се само дел од насловите кои осамнаа во медиумите во регионот откако, бугарскиот претседател свикал состанок со шефовите на бугарските безбедносни служби и потпретседателот Илијан Јотов на кој побарал да бидат преземени навремени мерки со цел да се заштитат правата на Бугарите што живеат во дијаспората, особено во Северна Македонија.

„Денешната средба беше свикана откако кабинетот на претседателот на Бугарија доби писмо од центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, во кое се наведува дека на граѓаните на Северна Македонија „често им се кршат правата“ само затоа што се декларираат како Бугари“, прененесе МИА.

На состанокот беше споменат и неодамнешниот случај во Струмица, каде се случи напад врз граѓани кои се декларираа како Бугари.

Во меѓувреме, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов и специјалниот пратеник на Северна Македонија во Бугарија, Владо Бучковски разговарале за билатералната соработка меѓу двете земји, фокусирајќи се на медиумите, образованието, културата, здравствената заштита и инфраструктурата.

Двајцата официјални претставници ја изразија подготвеноста на своите земји за заедничко градење граничен премин меѓу општините Струмјан (Бугарија) и Берово (С. Македонија) со цел подобрување на билатералните односи, олеснување на трговијата и подобрување на туристичката понуда.