Радев до Пендаровски: Имaме и ние проблеми со пожарите, но можеме да помогнеме со опрема

4

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, остварил телефонски повик доцна синоќа со македонскиот претседател Стево Пендаровски во врска со огнената стихија во тешко достапната планинска област на град Кочани.

Од прес-службата на бугарскиот претседател соопштуваат дека се разговарало за можноста Бугарија да обезбеди помош за гаснење на пожарот и како помош да биде вклучена бугарската противпожарна опрема, која треба да помогне во справувањето со ситуацијата во Кочани.

„Румен Радев го запозна Стево Пендаровски со комплицираната ситуација со пожарите и во Бугарија“, се вели во соопштението.

Пендаровски доцна синоќа разговараше со претседателот Румен Радев за бројните пожари во земјата и за можноста на Бугарија да испрати пожарникарски екипи што е можно поскоро.

“Доцна вечерта имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев. Се договоривме што поскоро Бугарија да испрати противпожарни единици да им помогнат на нашите во гаснењето на пожарите”, напиша Пендаровски на својата страница на Фејсбук.