Радев: Нема решение за кризата во Украина со кршење на меѓународното право

10

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека кон неуспех за деескалација води признавањето на самопрогласените републики во Донбас од страна на Руската Федерација, и доведе до зголемување на тензиите во целиот регион.

„Одржливо решение за оваа криза не може да се најде со кршење на меѓународното право и воените средства“, напиша Радев на Твитер.